ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

четвртак, 15. март 2012.

Волонтерство гради мостови во општеството


Меѓународен проект “Волонтерство гради мостови во општеството” (ACES)

Известува: Тијана Кољозова

              Самото име на проектот “Волонтерство гради мостови во општеството”, кажува се. Го започнавме проектот пред пет месеци со една единствена цел, да им помогнеме на старите лица во Домот “Вита – Ве”, но ние направивме повеќе од тоа. Со секоја посета успеавме да ги насмееме тажните лица на старците, ги забавувавме и најважно од се , ги слушавме нивните исповеди. Тие исповеди, т.е. нивните животни искуства ги запишувавме, а најинтересните и најемотивните ќе ги објавиме во книга наречена "Мојата животна приказна". Со овој проект добивме можност да се запознаеме и здружиме со деца од други држави, Романија и Хрватска. Со радост ги пречекавме во Скопје (на 09.03.2012) и ги запознавме со македонските традиции и историјата на Македонија. Посетата траеше четири дена, а на крајот од оваа дружење ги испративме гостите со солзи. Четири ученици од нашето училиште добија можност да ја посетат Хрватска. Посетата во градот Вуковар ќе трае четири дена (од 18.03 до 22.03. 2012) . Волонтирањето во старскиот дом беше едно незаборавно искуство и се надеваме дека и по завршувањето на проектот ќе продолжиме со волонтирање.
Координатор на проектот: Соња Димитрова