ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

среда, 22. фебруар 2012.

Честит ден на мајчиниот јазик!


Светски ден на мајчиниот јазик

       УНЕСКО го прогласи 21 февруари за Светски ден на мајчиниот јазик, на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година тој е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Според статистиката, во последните три века драматично се намалил бројот на јазици, особено на американскиот и австралискиот континент. Околу 200 земји се пред предизвикот да ги зачуваат „малите" јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици. Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

,,Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадност кон нацијата. Македонскиот литературниот јазик треба да биде навистина македонски.“
                                                                                         (Блаже Конески)

       Велат, колку јазици знаеш си побогат,точно, но не по цена на   сопствениот.Ниту еден туѓ јазик не може да го замени мајчиниот јазик.
,,Учи напред книга на свој јазик, после ако имаш време, учи и на други јазици.Тој што учит книга толко на туѓ јазик, а не на својот, тој е еднаков со оној што ја отфрлјат мајка си и на место неја земат друга“.
                                                  (Партениј Зографски)

 
           Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет, за припадноста кон едно парче земја, за долгот што го имаме кон нашите прадедовци.
,,Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.“ ...................
,,Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит како светина значит да останит верен на дуот на своите предедовци и да уважаат, се', шчо имат они напраено за своето потомство.Да се откажит чоек од својот народен јазик, значит,да се откажит он и од народниот дух..“.......................
,,Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашиот јазик, зашто тој јет наш, исто така, како што ни јет наша татковината ни.“
 
,,За македонцките работи“ - Крсте Петков Мисирков

 ВЕЗИЛКА

1.

Везилке, кажи како да се роди
Проста и строга македонска песна
Од ова срце што со себе води
Разговор ноќен во тревога бесна?

— Два конца парај од срцето, драги,
Едниот црн е, а другиот црвен,
Едниот буди морничави таги,
Другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
Песна од копнеж и песна од мака,
Ко јас што везам на ленена риза
Ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
Од двете нишки, два созвучни збора,
Едната буди темница што трека,
Другата буди вкрвавена зора.

2.

Везилке, крени наведена лика,
Погледај в небо во претпладне златно:
Се шари таму и чудесно блика
Твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,
Ти — морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
Две шарки твои — црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
И најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
Дните ти минат, прокоби се гласат.

— И најмил спомен што в душа ми блесна
Се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
Ти си ја кажа судбината своја.


                                                               Блаже Конески


Нема коментара:

Постави коментар