XLVII Школа „Млади физичари“ се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје. Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), овој престижен настан и годинава ги обедини најљубопитните и најкреативните млади умови од основните и средните училишта ширум државата. Учениците имаа можност да ги презентираат своите научни експерименти, истражувачки трудови и иновативни проекти пред стручна комисија и публика.
Традиционално, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ - Општина Центар, Скопје, земаа активно учество и уште еднаш докажаа дека припаѓаат меѓу најуспешните млади физичари во Македонија. Благодарение на нивната посветеност, креативност и љубов кон науката, оваа година се закитија со вкупно 10 награди - 3 први, 2 втори и 5 трети награди.
Присуството на ученици од сите краеви на земјата и високото ниво на натпреварувачки дух му дадоа на настанот вистински државен карактер и создадоа незаборавна атмосфера исполнета со знаење, инспирација и научна возбуда.
Исто така, редовни онлајн гости на ваквите манифестации се и нашите проектни партнери и соработници од цела Европа – eTwinning пријателите. Нивното присуство, поддршка и интерес за активностите на нашите ученици претставуваат вистинска мотивација и поттик за понатамошни заеднички иницијативи. Изразуваме искрена благодарност за нивната континуирана соработка, идеите што ги разменуваме и инспирацијата што ја споделуваме преку европските образовни мрежи. Токму овие партнерства ја збогатуваат нашата работа и ја отвораат вратата кон нови проекти, меѓународни пријателства и уште посилна поддршка на младите таленти во науката.
Од септември па сè до 10 ноември вредно се подготвувавме. Успеавме да организираме и два саеми/фестивали на наука на регионално ниво. Работата и трудот секогаш позитивно влијаат и носат добри резултати.
10. 11.2025 - Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој имаше за цел да ги поттикне промените во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите
и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја
обликуваат иднината. https://nasmedium.blogspot.com/2025/11/blog-post.html
21.10.2025 - Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование https://volsebnici2024.blogspot.com/2025/11/21.html