ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

понедељак, 02. април 2012.

АПРИЛИЛИЛИ

Известувач: Симона Јордева
Априлилили
        По повод Денот на шегата, 1 април, учениците од ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје се собраа во училишниот двор каде што учествуваа во забавната манифестација организирана од самите ученици.
       Се верува дека обичајот да се шегувате на 1- ви Април потекнува од Франција од 16 век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, по кој секоја година почнувала на 1- ви Април. На тој ден луѓето славеле,се посетувале и си разменувале подароци. Потоа во 1564 година, Францускиот крал Чарлс IX, превземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1- ви Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1- ви Април. Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1- ви Април го славеле како Нова Година. Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави и разни други мајтапи токму на 1- ви Април. 

Нема коментара:

Постави коментар