ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

среда, 6. јун 2012.

НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ - Општина Центар Скопје

Само за два дена научивме да спасиме живот.
Заедно со нашите другари од училиштата во Општина Центар Скопје, вежбавме во просториите на Даре Џамбас со инструктори од Црвен Крст.
На натпреварот, ги покажавме стекнатите знаења и техники за укажување на прва медицинска помош.
Се подготвувавме само два дена зошто имавме многу училишни обврски и не можевме да си дозволиме подолго отсуство од наставата. 

29. 05. 2012 ни беше прв ден за подготовки. Научивме многу нови и полезни работи. Веќе утредента се чувствувавме подготвени и мислевме дека знаеме се, се додека не ги видовме другите екипи колку се спретни и извежбани. 

30. 05. 2012, помсливме да се откажеме, но класната не ни дозволи. 

04. 06. 2012 се вратиме да се соочиме со предизвикот и завршивме на шесто место со што бевме задоволни.
Првата награда ја освои екипата од ОУ „Гоце Делчев“, втора и трета награда им припадна на екипите од ОУ „Кочо Рцин“.

Честитки на победниците.
известувач - Симона Јордева

недеља, 3. јун 2012.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА (19.05.2012)


 36 државен натпревар по физика за основните училишта од земјава се одржа во Пехчево, во ООУ ,, Ванчо Китанов ,,. Околу 200 ученици од сите градови од Македонија се натпреваруваа на полето на физиката, а најдобрите се закитија со награди. Натпреварот започна во 10:15 ч. со свечена акдемија на учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов ,,, а натпреварот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски.
Од седмооделенците прва награда освои Ирина Шафкуловска од Битола, втора Петар Поповски од Охрид, третата награда ја поделија Јасмина Ржаникоска од Прилеп и Душан Терзиќ од Пробиштип. Од осмооделенците, најдобар беше Андреј Поповски од Прилеп, а втората награда и третата награда им припадна на охриѓанките Сања Симовиќ и Анастасија Игњатовска. Според правилата на натпреварот учесниците, кои имаа над 90 поени се закитија со првото место, над 80 поени со 2 место, над 70 поени за трето место, а сите со освоени над 50 поени добија пофалници од друштвото на физичари, меќу кои беа и нашите ученици: Тамара Барсова и Леонид Рене Томас Караџинов.
Известувач: Филипа Сара Попова

петак, 1. јун 2012.

Наградно патување за Крушево (29.05.2012)


 
Доживувања од патувањето во Крушево

Секое патување носи нови средби, сознанија, настани. Патувањето во Крушево кое беше еден вид наградно патување по повод успешната презентација на нашето училиште и општината Центар за Денот на Европа донесе многу нови доживувања. Атмосферата при патувањето беше многу позитивна и занимлива и трите часа многу брзо ни поминаа.
Во Крушево ја почувствував силината на илинденскиот непокор, ме плени автентичната архитектура на куќите и објектите како и црквите со впечатливиот продорен звук на камбаните. Покрај историските обележја вниманието ми го привлече спомен куќата на македонската поп икона Тоше Проески. Во овој музеј можеме да дознаеме повеќе за животот и делото на трагично и прерано починатиот пејач и хуманист. Тука можевме да видиме восочни фигури на легендарната ѕвезда, лични предмети, работи. Со оваа спомен куќа му одаваме исклучителна почит на нашиот Тоше. Враќањето кон Скопје беше исполнето со размена на впечатоци и размислувања од престојот во Крушево.
Доживувањата и миговите поминати во Крушево ќе имаат посебно место во моите сеќавања.
известувач: Филип Поповски VIIв одделение
"Сите заедно под исто европско небо”
9 мај -  Денот на Европа
ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕСТОЈОТ ВО КРУШЕВО: