ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

понедељак, 24. новембар 2025.

XLVII Школа „Млади физичари“


XLVII Школа „Млади физичари“ се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје. Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), овој престижен настан и годинава ги обедини најљубопитните и најкреативните млади умови од основните и средните училишта ширум државата. Учениците имаа можност да ги презентираат своите научни експерименти, истражувачки трудови и иновативни проекти пред стручна комисија и публика.


Традиционално, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ - Општина Центар, Скопје, земаа активно учество и уште еднаш докажаа дека припаѓаат меѓу најуспешните млади физичари во Македонија. Благодарение на нивната посветеност, креативност и љубов кон науката, оваа година се закитија со вкупно 10 награди - 3 први, 2 втори и 5 трети награди.


Присуството на ученици од сите краеви на земјата и високото ниво на натпреварувачки дух му дадоа на настанот вистински државен карактер и создадоа незаборавна атмосфера исполнета со знаење, инспирација и научна возбуда.



Исто така, редовни онлајн гости на ваквите манифестации се и нашите проектни партнери и соработници од цела Европа – eTwinning пријателите. Нивното присуство, поддршка и интерес за активностите на нашите ученици претставуваат вистинска мотивација и поттик за понатамошни заеднички иницијативи. Изразуваме искрена благодарност за нивната континуирана соработка, идеите што ги разменуваме и инспирацијата што ја споделуваме преку европските образовни мрежи. Токму овие партнерства ја збогатуваат нашата работа и ја отвораат вратата кон нови проекти, меѓународни пријателства и уште посилна поддршка на младите таленти во науката.

Од септември па сè до 10 ноември вредно се подготвувавме. Успеавме да организираме и два саеми/фестивали на наука на регионално ниво. Работата и трудот секогаш позитивно влијаат и носат добри резултати.

10. 11.2025 - Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој имаше за цел да ги поттикне промените во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја обликуваат иднината. https://nasmedium.blogspot.com/2025/11/blog-post.html

21.10.2025 - Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование https://volsebnici2024.blogspot.com/2025/11/21.html

недеља, 12. септембар 2021.

Дијагностички тест по физика за 9. дд. (I и II група)

 септември 2021

1Што е физичка величина?

2. Што е тежина?

3. Со што е определена и со што се мери силата?

4. Што е патека или траекторија?

5. Дали телата истовремено можат да поседуваат кинетичка и потенцијална енергија? Објасни.

6. Наброј ги карактеристиките на ликот во рамно огледало.

7. Кога се случува  пролетна рамноденица?

8. Што е сила?

9. Кога една сила има вредност од еден њутн?

10. Дефинирај рамномерно забрзано движење.

11. Што е референтно тело?

12. Во кои случаи еластичните тела можат да поседуваат потенцијална енергија иако не се поткренати на некоја висина?

13. Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?

14. Кога се случува  есенска рамноденица?

15. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?

16. Колку време му е потребно на еден автомобил за да помине 180 km од еден до друг град ако неговата просечна брзина е 60 km/h? 

17. Со колкава брзина се движи тело со маса m = 10 kg ако неговата кинетичка енергија е Ek = 100 J?

18. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?

19. Едно возило се движи рамномерно забрзано со забрзување од 3 m/s2. Колкав пат ќе измине за првите 10 секунди?

20. До која висина треба да се фрли камен со маса од 200 g во највисоката точка, неговата потенцијална енергија за да изнесува 100 J? (g = 10 m/s2)

субота, 17. јул 2021.

Самооценување и оценување од соучениците




Примери на самооценување и оценување од соучениците каде учениците се вклучени во оценувањето и е создадена позитивна клима за реално вреднување на сопствените постигнувања.

 

Активна промоција на колегијални односи и соработка

 

Активна промоција на колегијални односи и соработка со колеги од цела Македонија, на доброволна основа – отворени online обуки и работилници. Од почетоците кога било најпотребно, па се до ден денешен.




Стратегии за професионален развој


Пример на развивање на училишни стратегии за професионален развој, проекти кои започнале на училишно, а завршиле на европско ниво. Огромен придонес за професионален развој на колеги, како во своето, така и во училишта ширум Македонија во периодот од 2017 година до денес. Успешна пандемиска година, со двојно намалени активности но инспиративна и креативна до совршенство.
 

недеља, 28. април 2019.

eTwinning Project "How to Take Care of Your Pet"


Having a pet is rewarding, but it can be hard work as well. If you are well prepared, do your research, and love your pet unconditionally.
Choose a pet that fits your lifestyle. Keep in mind some general concerns with different pets:
Dogs - though dogs vary widely by breed, all dogs need lots of attention, time to exercise, and plenty of room to roam.
Cats - Intelligent and individual, cats will be fine with less supervision, though they still need your love and time to keep from acting out.
...............................
If you have a pet, tell how You Care about Your Pet :