ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

Приказивање постова са ознаком Општина Центар Скопје. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Општина Центар Скопје. Прикажи све постове

субота, 7. март 2026.

Scientix STEM Discovery Campaign 2026

 


Од мај до декември 2025 година реализиравме 11 STEM активности, кои се успешно одобрени и објавени на STEM мапата за 2026 година во рамките на Scientix STEM Discovery Campaign.

Оваа меѓународна иницијатива ги повикува наставниците, училиштата и организациите да ги промовираат науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку различни едукативни активности.                        Сите учесници кои пријавуваат активности на мапата имаат можност да конкурираат за Scientix Awards, кои ги наградуваат најдобрите практики и иновации во STEM образованието. 



понедељак, 24. новембар 2025.

XLVII Школа „Млади физичари“


XLVII Школа „Млади физичари“ се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје. Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), овој престижен настан и годинава ги обедини најљубопитните и најкреативните млади умови од основните и средните училишта ширум државата. Учениците имаа можност да ги презентираат своите научни експерименти, истражувачки трудови и иновативни проекти пред стручна комисија и публика.


Традиционално, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ - Општина Центар, Скопје, земаа активно учество и уште еднаш докажаа дека припаѓаат меѓу најуспешните млади физичари во Македонија. Благодарение на нивната посветеност, креативност и љубов кон науката, оваа година се закитија со вкупно 10 награди - 3 први, 2 втори и 5 трети награди.


Присуството на ученици од сите краеви на земјата и високото ниво на натпреварувачки дух му дадоа на настанот вистински државен карактер и создадоа незаборавна атмосфера исполнета со знаење, инспирација и научна возбуда.



Исто така, редовни онлајн гости на ваквите манифестации се и нашите проектни партнери и соработници од цела Европа – eTwinning пријателите. Нивното присуство, поддршка и интерес за активностите на нашите ученици претставуваат вистинска мотивација и поттик за понатамошни заеднички иницијативи. Изразуваме искрена благодарност за нивната континуирана соработка, идеите што ги разменуваме и инспирацијата што ја споделуваме преку европските образовни мрежи. Токму овие партнерства ја збогатуваат нашата работа и ја отвораат вратата кон нови проекти, меѓународни пријателства и уште посилна поддршка на младите таленти во науката.

Од септември па сè до 10 ноември вредно се подготвувавме. Успеавме да организираме и два саеми/фестивали на наука на регионално ниво. Работата и трудот секогаш позитивно влијаат и носат добри резултати.

10. 11.2025 - Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој имаше за цел да ги поттикне промените во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја обликуваат иднината. https://nasmedium.blogspot.com/2025/11/blog-post.html

21.10.2025 - Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование https://volsebnici2024.blogspot.com/2025/11/21.html

среда, 27. август 2014.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА

Почитувани родители,
на 01.09.2014 година со почеток во 9,00 часот во Свечената сала на ООУ “Димитар Миладинов” ќе се одржи приемот на првачињата и свечената  приредба  по повод почетокот на учебната 2014/2015 година. 
Среќен почеток и многу успех во текот на целото школување!

Драги ученици и наставници !

Ви го честитам почетокот на новата учебна 2014/2015 година и Ви посакувам успех во текот на истата.
 



среда, 6. јун 2012.

НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ - Општина Центар Скопје

Само за два дена научивме да спасиме живот.
Заедно со нашите другари од училиштата во Општина Центар Скопје, вежбавме во просториите на Даре Џамбас со инструктори од Црвен Крст.
На натпреварот, ги покажавме стекнатите знаења и техники за укажување на прва медицинска помош.
Се подготвувавме само два дена зошто имавме многу училишни обврски и не можевме да си дозволиме подолго отсуство од наставата. 

29. 05. 2012 ни беше прв ден за подготовки. Научивме многу нови и полезни работи. Веќе утредента се чувствувавме подготвени и мислевме дека знаеме се, се додека не ги видовме другите екипи колку се спретни и извежбани. 

30. 05. 2012, помсливме да се откажеме, но класната не ни дозволи. 

04. 06. 2012 се вратиме да се соочиме со предизвикот и завршивме на шесто место со што бевме задоволни.
Првата награда ја освои екипата од ОУ „Гоце Делчев“, втора и трета награда им припадна на екипите од ОУ „Кочо Рцин“.

Честитки на победниците.
известувач - Симона Јордева