ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

Приказивање постова са ознаком МОН. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком МОН. Прикажи све постове

понедељак, 24. новембар 2025.

XLVII Школа „Млади физичари“


XLVII Школа „Млади физичари“ се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје. Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), овој престижен настан и годинава ги обедини најљубопитните и најкреативните млади умови од основните и средните училишта ширум државата. Учениците имаа можност да ги презентираат своите научни експерименти, истражувачки трудови и иновативни проекти пред стручна комисија и публика.


Традиционално, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ - Општина Центар, Скопје, земаа активно учество и уште еднаш докажаа дека припаѓаат меѓу најуспешните млади физичари во Македонија. Благодарение на нивната посветеност, креативност и љубов кон науката, оваа година се закитија со вкупно 10 награди - 3 први, 2 втори и 5 трети награди.


Присуството на ученици од сите краеви на земјата и високото ниво на натпреварувачки дух му дадоа на настанот вистински државен карактер и создадоа незаборавна атмосфера исполнета со знаење, инспирација и научна возбуда.



Исто така, редовни онлајн гости на ваквите манифестации се и нашите проектни партнери и соработници од цела Европа – eTwinning пријателите. Нивното присуство, поддршка и интерес за активностите на нашите ученици претставуваат вистинска мотивација и поттик за понатамошни заеднички иницијативи. Изразуваме искрена благодарност за нивната континуирана соработка, идеите што ги разменуваме и инспирацијата што ја споделуваме преку европските образовни мрежи. Токму овие партнерства ја збогатуваат нашата работа и ја отвораат вратата кон нови проекти, меѓународни пријателства и уште посилна поддршка на младите таленти во науката.

Од септември па сè до 10 ноември вредно се подготвувавме. Успеавме да организираме и два саеми/фестивали на наука на регионално ниво. Работата и трудот секогаш позитивно влијаат и носат добри резултати.

10. 11.2025 - Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој имаше за цел да ги поттикне промените во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја обликуваат иднината. https://nasmedium.blogspot.com/2025/11/blog-post.html

21.10.2025 - Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование https://volsebnici2024.blogspot.com/2025/11/21.html