ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

Приказивање постова са ознаком eTwinning. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком eTwinning. Прикажи све постове

понедељак, 24. новембар 2025.

XLVII Школа „Млади физичари“


XLVII Школа „Млади физичари“ се одржа на 13 и 14 ноември 2025 година на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје. Во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), овој престижен настан и годинава ги обедини најљубопитните и најкреативните млади умови од основните и средните училишта ширум државата. Учениците имаа можност да ги презентираат своите научни експерименти, истражувачки трудови и иновативни проекти пред стручна комисија и публика.


Традиционално, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ - Општина Центар, Скопје, земаа активно учество и уште еднаш докажаа дека припаѓаат меѓу најуспешните млади физичари во Македонија. Благодарение на нивната посветеност, креативност и љубов кон науката, оваа година се закитија со вкупно 10 награди - 3 први, 2 втори и 5 трети награди.


Присуството на ученици од сите краеви на земјата и високото ниво на натпреварувачки дух му дадоа на настанот вистински државен карактер и создадоа незаборавна атмосфера исполнета со знаење, инспирација и научна возбуда.



Исто така, редовни онлајн гости на ваквите манифестации се и нашите проектни партнери и соработници од цела Европа – eTwinning пријателите. Нивното присуство, поддршка и интерес за активностите на нашите ученици претставуваат вистинска мотивација и поттик за понатамошни заеднички иницијативи. Изразуваме искрена благодарност за нивната континуирана соработка, идеите што ги разменуваме и инспирацијата што ја споделуваме преку европските образовни мрежи. Токму овие партнерства ја збогатуваат нашата работа и ја отвораат вратата кон нови проекти, меѓународни пријателства и уште посилна поддршка на младите таленти во науката.

Од септември па сè до 10 ноември вредно се подготвувавме. Успеавме да организираме и два саеми/фестивали на наука на регионално ниво. Работата и трудот секогаш позитивно влијаат и носат добри резултати.

10. 11.2025 - Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој имаше за цел да ги поттикне промените во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја обликуваат иднината. https://nasmedium.blogspot.com/2025/11/blog-post.html

21.10.2025 - Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование https://volsebnici2024.blogspot.com/2025/11/21.html

субота, 16. јун 2018.

еТвининг училиште "Димитар Миладинов"

















еТвининг училиште "Димитар Миладинов"










еТвининг училиште "Димитар Миладинов"


еТвининг училиште "Димитар Миладинов"


На ден 10.04.2018 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште 2018-2019 која за прв пат се доделува оваа година од страна на Европската Комисија.

На европско ниво 1211 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 6 училишта.
Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:
- дигитална пракса,
- пракса за е-безбедност,
- користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата,
- промоција на континуиран професионален развој на вработените,
- промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците,
Наградените училишта ќе:
- имаат висока видливост на Европско ниво,
- формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг,
- можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали,
- наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.