Soil Education: An Integrated STEM Approach - учење за почвата и нејзината важност за одржлива иднина
Овој курс
нуди одлична можност за наставниците да ја продлабочат својата свест за
значењето на почвата и нејзината улога во зачувувањето на животната средина и
создавањето одржлива иднина. Преку интегриран STEM пристап, курсот покажува
како една навидум секојдневна тема може да се претвори во интересно, истражувачко
и интердисциплинарно учење.
Особено вредно е запознавањето со 5E наставниот
модел, кој поттикнува активно учество, истражување, поставување прашања,
експериментирање и критичко размислување кај учениците. Преку четири модули, се
истражуваат биолошките, хемиските, економските, општествените и етичките аспекти
на здравјето на почвата, поврзани со реалните предизвици и целите за одржлив
развој.
Она што
го прави курсот посебно корисен е неговата практична насоченост - стекнатите
знаења се применуваат преку креирање сопствено наставно сценарио кое може да се
искористи во секојдневната наставна практика.
Топло го
препорачувам на сите наставници кои сакаат да ја направат наставата
поинтересна, поинтегрирана и поблиска до реалниот живот. Курсот нè потсетува
дека почвата не е само дел од природата што треба да ја изучуваме, туку
богатство што треба да го разбереме, чуваме и пренесеме на идните генерации.



