Е К О Л О Г И Ј А
Шарко и Жапко го спасуваат светот
Вовед:
Проектот е од областа на екологија, поточно ги опфаќа повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2010 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 12 години сме ГЛОБЕ училиште, 4 години ЕНО училиште, 2 години АРМАЛОВО училиште, 4 години ЕКО училиште, а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко.
Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата.
Цели на проектот:
- Сакаме на сите жители на нашиот град да им ја наметнеме грижата
за нашата планета;
- Сакаме да не подржат сите училишта ширум светот и да влијаат на жителите во своите земји;
- Сакаме да живееме во почиста и позелена средина
- Сакаме целосно да се исфрлат од употреба најлонските кеси;
- Сакаме целосно да се отстранат пластичните шишиња;
- Не сакаме диви депонии;
- Сакаме секое празно место да биде засадено со дрво или цвет?
Како ја истраживме потребата од нашиот проект
Направивме повеќе истражувања.Најинтересниот начин на прибирање на значајни информации е од најмалите соученици. Им одржуваме неколку работилници (изработувавме играчки и честитки од отпад) и им дадовме задача да набљудуваат и да не известуваат, како се однесуваат возрасните во нивното семејство:
Кога одат да купуваат, дали носат платнени торби?
Како ги мијат рацете?
Дали се тушираат или ја полнат кадата при бањање?
Какви светилки користат?
Истражување во однос на историјата на нашиот проект:
13 години успешно го спроведуваме меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија), 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: "Македонија – ризница на здава храна"; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др.
Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда – Емилија Лазаровска).
Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме повеќе од 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда на регионален натпревар– Вера Трајчева, 2010 год. III награда - Ангела Трајковска)
Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.
За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.
Каква беше ситуацијата на самиот почеток од проектната активност?
Ситуацијата на нашите почетоци е помалку интересна од почетоците на нашите претходници. Како што раскажуваат, редовно ги мереле температурите на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, облачност, но немале интернет и не можеле редовно да ги праќаат податоците. Оделе во интернет кафулиња, и по разни претпријатија молеле да им се дозволи да ги испратат податоците. Кога ја собирале пластиката и отпад по дворовите им се смееле врсниците. На нас тоа не ни се случува. Имаме интернет дома и никој не ни се смее за нашата работа. Често не пофалуваат, но ние сакаме да ни се придружат.
http://www.youtube.com/watch?v=1HXnNfqhPS8&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=z0Y5P4wkPqc&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=GMCjDlM7lHQ&feature=channel_video_title
На приложените линкови можете да видите:
- Внесовме над 9500 податоци на ГЛОБЕ,
- Освоивме награда за труд на тема ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – 2009 и 2010,
- Редовно учествуваме на ЕКО конкурси и освојуваме награди,
- Освоивме награди за трудовите на теми од ЕКОЛОГИЈА во 2009 и 2010,
- Освоивме награда во конструкторство 2010 (Теслин трансформатор од отпадоци),
- Изработивме еколошка машина која пренесува енергија,
- Направивме ЕКО календар,
- Организиравме неколку кампањи против климатските промени и др.
Наши досегашни резултати:
- Научивме да организираме ефектна ЕКО – кампања,
- Научивме да изработиме еко – постер, еко – маска, еко – флаер, еко – парола, еко – порака и друг пропаганден материјал за подигнување на еколошка свест.;
- Ја запонаваме пошироката јавност со наши проекти.
- Засадивме многу дрвја.
- Исчистивме многу депонии.
- Учиме да соработуваме со локалната самоуправа и медумите;
- Ги учиме возрасните да ја почитуваат нашата планета, да направат секој ден да биде Ден на планетата Земја и да ни ја остават во наследство здрава.Како го мериме нашиот успех:По квалитетот на трудовите со кои учествуваме на разни натпревари и добро се пласираме, по заклучоците до кои доаѓаме со нашите истражувања, а подоцна биле потврдени од некои научни институции, по количествата на собраните пластични шишиња, по бројот на засадените дрвца . . . .Кус опис на проектот:Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета.Историја на проектот:Проектот Шарко и Жапко го спасуваат светот започна на 21.09.2007 год. Кога се приклучивме кон виртуелното еколошко училиште ЕНО, со седиште во Финска.Ја прифативме нивната маскота – жабецот Франк, на која за многу кусо време и додадовме и нашата маскота, малото кученце – Шарко. Се што сработиле малите Шарко и Жапко запишавме во стихови. Со стихотворбата е опишана историја на нашиот проект.ШАРКО и ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТПредминатата годинамалиот Шарко,го спасуваше светот,а минатата садеше дрвјаи го боеше цветот.Оваа година,малиот Шаркосе здружи со умниотжабец Жапко.Сега се во мисла,двете умни глави:Што понатамусо светот да се прави?Само со работане гледат спас,ќе мора силнода кренат глас.Решија цврстодвете умни глави,на загадувањетокрај да му се стави.Им се придруживме вчера,кренавме глас,за планетата нашапобаравме спас.Шарко и Жапко,добро се согласуваати од секој отпадокнешто ново составуваат.Најдобри се другарии не мислат на делба,од секој собран отпадокправат нова желба.Направија честиткиза божиќ што отидесакаат чисто и веселона сите да ни биде.Денес пак се тука,со нив се е можно,од Вас сега бараатда настапите сложно.Од вас помош бараат,кренете го гласот,ппријатели наши,во вас лежи спасот.
Активности од една манифестација:КАМПАЊА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ- На 21 септември наутро се поделивме на две групи,
- Помалата група (30 ученици) отидоа во Ѕвон – МТВ,
- Другите отидоа во училишниот двор каде точно на пладне садеа дрвја, одржаа говор и мала приредба за Шарко и Жапко
- Од дворот отидоа на плоштад каде на случајните минувачи им делеа флаери и страничници со еко пораки.
- Целиот настан го следеше новинарот од Наш свет и развигор.
- Ги известивме пријателите низ целиот свет (сите ЕНО виртуелни училишта од 120 земји) кои на ист начин го одбележале овој ден – Ден на мирот.
Резултати од активностите:Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика и за натпреварите по метеорологија .Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија.Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.Забележуваме дека екологија е се почеста тема по медиумите, често не канат да гостуваме во училишните ТВ емисии, за нас пишуваат медиумите.Сметаме дека сме едни од виновниците што се намалува употреба на најлонските кеси, што имаме помалку депонии и се зголеми продажбата на штедливите светилки.Користена литература:трудови од нашите соученициОУ "Димитар Миладинов"Општина Центар СкопјеКлуб "Млади истражувачи"април 2011
Нема коментара:
Постави коментар