ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

Приказивање постова са ознаком СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС 1963 ГОДИНА. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС 1963 ГОДИНА. Прикажи све постове

четвртак, 26. јул 2012.

Сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година

Скопје денес одбележува 49 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот и однесе илјадници животи.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
Во катастрофалниот земјотрес животот го загубија 1070 скопјани, а над 4000 беа повредени. Земјотресот оштети или целосно уништи околу 80 проценти од зградите во Скопје и остави над 120000 лица без покрив над главата.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.