ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

субота, 24. новембар 2012.

Ден на дрвото (21.11.2012)

Ден на дрвото (21.11.2012)


Под мотото „Спортски е да се сади“ се одржа десеттата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Предвидено е да се засадат 2 милиони садници на површина од 803 хектари.
Учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ се приклучија кон акцијата. Тие заедно со своите наставници организирано засадија садници на Мршевскиот рид и во својот училишен двор. Целта на акцијата беше да бидат вклучени учениците во активностите за засадување нови садници, како и развивање љубов кон природата и шумите, преку организирани акции за засадување и пошумување. ОУ „Димитар Миладинов“ со сите свои ученици, секоја година традиционално учествуваа во акциите за засадување на нови садници во училишниот двор и на локациите за пошумување.
Овој процес придонесува за збогатување на животната средина со нови, раскошно цветни круни кои ќе го зајакнат хортикултурниот изглед на нашиот двор. Засадувајќи нови заштитници на белите дробови ја негуваме нашата природа и воедно вложуваме во создавање поздраво место за секоја индивидуа под Сонцето. 
                                          Филип Поповски 

понедељак, 19. новембар 2012.

138 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков


Учениците од ОУ "Димитар Миладинов" чествуваат 138 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков
 
Во историјата на македонскиот народ, во неговата вековна борба за слобода, за своја држава и за зачувување на својот национален и културен идентитет имаме цела плејада на великани кои со своето дејствување, ги создале темелите на македонската државотворност, и кои засекогаш ќе останат во она што се именува како колективна, но и индивидуална свест за својот, македонски, национален идентитет.
 
Меѓу тие великани посебно место има Крсте Петков Мисирков кој е роден на 18 ноември 1874 година. Крсте Петков Мисирков целиот свој литературен и научен опус го посветува токму на остварувањето на вековните идеали на македонскиот народ, а тоа се самостојна и суверена држава и зачувување на македонскиот национален и културен идентитет пред агресивните напади кои доаѓаат од соседството. По повод 138 години од неговот раѓањето, учениците од Основното Училиште “Димитар Миладинов” заедно со своите наставнички по македонски јазик, во соработка со Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” организираа погодно чествување во негова чест во библиотеката Стале Попов. Учениците истражуваа за ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, за неговиот живот, дејност, активности и дела. Исто така, тие истражуваа за неговото најпознато дело- книгата За македонцките работи”.  Борбата на Мисирков за зачувување и промовирање на македонскиот јазик е актуелно и во денешно време. Продолжувањето на неговото делото треба да го искажеме и потврдиме со континуирана и упорна борба за зачувување на нашето име, јазик и идентитет.
 Филип Поповски VIII в одделение

субота, 17. новембар 2012.

Традиционален oдбојкарски натпревар: ученици - наставници

ПОБЕДНИЦИ 2011/2012


На Митровден се слави патрониот празник на нашето училиште "Димитар Миладинов".
Прославата се состои од приредбата и многу други  ученичко - наставнички манифестации со едукативен и забавен карактер. Една од тие манифестации е и одбојкарскиот натпревар, ученици – наставници. 
Верувам дека знаете кои се победниците :)
ПОБЕДНИЦИ 2012/2013

уторак, 13. новембар 2012.

ОУ “Димитар Миладинов” го одбележа својот патронен празник



 58 години работење и постоење

Вистинските вредности и вистинските дејства никогаш нема да бидат заборавени и запоставени. Иако, поминаа повеќе од 150 години од издавањето на Зборникот на народни песни и просветителската дејност на Димитар Миладинов почитта и благодарноста не бледнеат и запираат.

На 8 ноември со свечена приредба во Основното Училиште “Димитар Миладинов” го прославивме 58 годишното постоење и работење на нашето училиште. На овој ден ден пред пристуните гости ја споделивме нашата програма збогатена со песна, игра, музика и забава изработена од учениците и наставниците. Имавме чест да ја отвориме “Празничната страница на нашиот патрон” - Димитар Миладинов и да презентираме фрагменти од Зборникот на браќата Миладиновци. Во рамки на програмата беа изведени рецитали, музички точки, народни песни, обичаи, пословици и гатанки. Со тоа, го негуваме и искажуваме огромна почит кон делото на Димитар Миладинов. За нас, неговот дело е  вонвременска декларација за промовирање на творечките вредности на македонскиот народ, како народ со своја традиција, обичаи и историја , и тоа токму преку богатството на македонските народни песни и умотворби, преку кои биле искажани и копнежите и соништата за своја држава. Делото на Димитар Миладинов живее и денес, бидејќи тој со семето кое го посеаја ги оцртаа границите на нашата духовна и културна татковина. Татковина во која денес ние живееме, за што сме му бескрајно благодарни.

Мисија на нашето училиште е да понуди воспитно - образовни услуги коишто овозможуваат индивидуален развој на учениците, користејќи современа образовна технологија, поттикнувајќи меѓусебна доверба и почитување и подготвувајќи ги за соочување со предизвиците на современото општество.

Нека ни е среќен и вековит денот на училиштето! Честит 8-ми ноември! 
 Филип Поповски VIII В одделение