58 години работење
и постоење
Вистинските вредности и
вистинските дејства никогаш нема да бидат заборавени и запоставени. Иако,
поминаа повеќе од 150 години од издавањето на Зборникот на народни песни и
просветителската дејност на Димитар Миладинов почитта и благодарноста не
бледнеат и запираат.
На 8 ноември со свечена приредба
во Основното Училиште “Димитар Миладинов” го прославивме 58 годишното постоење
и работење на нашето училиште. На овој ден ден пред пристуните гости ја
споделивме нашата програма збогатена со песна, игра, музика и забава изработена
од учениците и наставниците. Имавме чест да ја отвориме “Празничната страница на нашиот
патрон” -
Димитар Миладинов и да презентираме фрагменти од Зборникот на браќата Миладиновци. Во рамки на
програмата беа изведени рецитали, музички точки, народни песни, обичаи,
пословици и гатанки. Со тоа, го негуваме и искажуваме огромна почит кон делото
на Димитар Миладинов. За нас, неговот дело е вонвременска
декларација за промовирање на творечките вредности на македонскиот народ, како
народ со своја традиција, обичаи и историја , и тоа токму преку богатството на македонските народни
песни и умотворби, преку кои биле искажани и копнежите и соништата за своја
држава. Делото на Димитар Миладинов живее и денес, бидејќи
тој со семето кое го посеаја ги оцртаа границите на нашата духовна и културна
татковина. Татковина во која денес ние живееме, за што сме му бескрајно
благодарни.
Мисија на нашето училиште е да понуди
воспитно - образовни услуги коишто овозможуваат индивидуален развој на
учениците, користејќи современа образовна технологија, поттикнувајќи меѓусебна
доверба и почитување и подготвувајќи ги за соочување со предизвиците на
современото општество.
Нека ни е среќен и вековит денот на училиштето! Честит
8-ми ноември!
Филип Поповски
VIII В одделение
Нема коментара:
Постави коментар