Учениците од ОУ "Димитар Миладинов" чествуваат 138 години од раѓањето на
Крсте Петков Мисирков
Во историјата на македонскиот народ, во неговата
вековна борба за слобода, за своја држава и за зачувување на својот национален
и културен идентитет имаме цела плејада на великани кои со своето дејствување,
ги создале темелите на македонската државотворност, и кои засекогаш ќе останат
во она што се именува како колективна, но и индивидуална свест за својот,
македонски, национален идентитет.
Меѓу тие великани посебно место има Крсте Петков
Мисирков кој е роден на 18 ноември 1874 година. Крсте Петков Мисирков целиот
свој литературен и научен опус го посветува токму на остварувањето на вековните
идеали на македонскиот народ, а тоа се самостојна и суверена држава и зачувување
на македонскиот национален и културен идентитет пред агресивните напади кои
доаѓаат од соседството. По повод 138 години од неговот
раѓањето, учениците од Основното
Училиште “Димитар Миладинов” заедно со своите наставнички по македонски јазик,
во соработка со Градската Библиотека “Браќа Миладиновци” организираа погодно
чествување во негова чест во библиотеката Стале Попов. Учениците истражуваа за ликот и делото на Крсте
Петков Мисирков, за неговиот живот, дејност, активности и дела. Исто така, тие
истражуваа за неговото најпознато дело- книгата “За
македонцките работи”. Борбата на
Мисирков за зачувување и промовирање на македонскиот јазик е актуелно и во
денешно време. Продолжувањето на неговото делото треба да го искажеме и
потврдиме со континуирана и упорна борба за зачувување на нашето име, јазик и
идентитет.
Филип Поповски VIII в одделение
Нема коментара:
Постави коментар