ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

четвртак, 23. фебруар 2012.

Прости ми! – Нека ти е простено!


МАКЕДОНСКА ПРОЧКА – РУСКА МАСЛЕНИЦА
Прочка – Масленица е стар празник кој е дојден уште од најстари времиња, кога се уште не постоело христијанството во Русија. Не постои друг таков празник во Русија кој се празнува толку бурно и весело како празникот Прочка – Масленица. Со овој празник се навестува доаѓањето на пролетта со пеење на песни, палење на кукли, а се со цел да се расположиме и да очекуваме нешто ново и убаво да се случи. Главно јадење на овој празник се палачинките – симбол на сонцето. По стариот руски обичај целата седмица пред прочка се прават палачинки и се повикуваат гости.
За Прочка според македонските обичаи се месат пити и се прават слатки јадења, да раснеме како квасец, а животот да ни биде посладок и од слатките. 
Прочка спаѓа во "подвижните празници" и зависи од  Велигден (секогаш е точно на 7 недели пред Велигден). Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Заеднички обичај кај двата народи (Русите и Македонците) е да се бара прошка од родителите и другите постари личности.
Според стариот обичај маскирањето е симбол на овој ден. Се верува дека преку маскирањето ќе се простат гревовите и ќе се истераат злите духови и злото
 Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во Прилеп традиционално се организира карневал – Мечкари.

Прости ми! – Нека ти е простено! 

Во училиштето “Димитар Миладинов”, веке шест години се организира прослава на Масленица – Прочка.Тој ден се дружиме, простуваме, правиме палачинки и слатки и се запознаваме со македонската и рускара традиција и култура.
Нека ти е простено!
 

Нема коментара:

Постави коментар