OUTSTE(A)M in Action:
Let's STE(A)M MOOC - курс
што вреди да се следи!
Овој курс
е одлична можност за наставниците и воспитувачите да откријат нови, креативни и
практични начини за примена на STE(A)M пристапот во наставата. Особено ми се
допадна што не се задржува само на теорија, туку нуди конкретни идеи, ресурси,
активности и примери кои можат да се применат и во училница и во учењето на
отворено.
Преку четири модули, курсот нè поттикнува да ја
поврземе науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката со
истражување, игра, креативност и секојдневни ситуации. Посебна вредност имаат
практичните материјали од OUTSTE(A)M Toolkit и примерите на наставни сценарија
кои нудат инспирација за создавање поинтересни и поактивни часови.
Она што
дополнително го издвојува курсот е можноста да учите со сопствено темпо, без рокови,
и да ги применувате стекнатите знаења според потребите на вашите ученици.
Моја
препорака до колегите: Доколку сакате да
внесете повеќе истражување, експериментирање, креативност и учење преку
практични активности во вашата настава, топло ви го препорачувам овој курс.
Не само што ќе добиете нови идеи, туку и поттик да погледнете на наставата од
поинаква, поинспиративна перспектива.
