ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

петак, 18. мај 2012.

Масти и масла


17.05.2012 Ивана и Сања (предавачи)
Масти и масла

Наоѓање на мастите и маслата
Тие спаѓаат во липиди – една од основните и најважните групи биосоединенија.
Маслата најмногу ги има во семињата или плодовите на некои растенија (сончоглед, сусам, памук, лен, бадеми, ореви). Ги има и во животинските организми (риби).
Во масното ткиво на многу животински организми се наоѓаат масти.
Состав на маслата и мастите
Тие претставуваат смеси од повеќе слични соединенија, меѓу нив најбројни се естерите на гицеролот со вишите масни киселини (глицериди).
Виши масни киселини се карбоксилни киселини со подолги јаглеродни низи. Во составот на маслата и мастите најчесто се сретнуваат:
  • палмитинска киселина C15H31COOH (заситена),
  • стеаринска киселина C17H35COOH (заситена),
  • олеинска киселина C17H33COOH (незаситена).
Маслата се во течна, а мастите во цврста агрегатна состојба.

Заситените масни киселини во главно служат како извор на енергија. Исхраната богата со заситени масни киселини го зголемува нивото на "лошиот" холестерол во крвта, што се поврзува со зголемен ризик од срцеви болести.
Незаситените масни киселини му се потребни на човечкиот организам за изградба на разни ткива и клеточни структури. Мастите од растително потекло кои по состав се незаситени, лесно влегуваат во т.н. ХДЛ липопротеини, кои го чистат холестеролот од крвните садови и го доведуваат во црниот дроб каде што тој се преработува во жолч и потоа се излачува од организмот. На тој начин овие масти заземаат превентивна улога во спречувањето на појавата на кардиоваскуларни болести.
Незаситените масни киселини можат да бидат мононезаситени или полинезаситени масни киселини.
Својства на мастите и маслата
Полесни од вода (имаат помала густина) и не се мешаат со неа
Емулзија се добива при клункањето на епруветата со вода и масло, течноста се заматува од маслото, кое се разбива во ситни капки. По извесно време капките пак се укрупнуваат и се издвојува слојот од масло. Во епруветата во која има и жолчка од јајце, емулзијата останува непроменета. Значи, жолчката од јајцето не дозволува да дојде до слепување на честичките од маслото. Таа претставува емулгатор.
Мастите и масата се раствораат во органски растворувачи како бензин, хороформ, јаглерод тетрахлорид.. Ова својство се користи за нивно издвојување(екстракција) од растенијата од кои се добиваат. На воздух маслата и мастите се менуваат и со стоење на топол воздух и влага тие добиваат непријатен мирис.
Тоа се објаснува со нивното разложување на продукти со непријатен мирис. Такви процеси се случуваат и на кожата при потењето, па затоа треба да се одржува постојана хигиена на телото.
Ако мастите се загреваат на висока температура, се чуствува остар непријатен мирис, кој доаѓа од еден од продуктите на нивното разложување, кој се смета за канцерогена супстанца.
Јадливи масти и масла:
Масти: маргарин, путер, свинска маст
Масла: кокосово, маслиново, ореово, рибино и сончогледово.

Вe потсетуваме:
И вие имате право, да се храните здраво.
Не претерувајте со "грицки" и мрсни пијалоци.
Часот го подготвиле ОсмоБвците:
    Ана Павловиќ
    Ивана Панчевска
    Сања Михајовска

1 коментар:

  1. Morma da ve pofalam Nastavnichke Aida ova shto sega go chitam ova e prekrasno prodlozete da rabotite i da objavuvate vakvi nastani od vashite opiti i konstatacii, Bravo

    ОдговориИзбриши