ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

уторак, 15. мај 2012.

ВОЛВО АВАНТУРА


Известување за натптпреварот:
"Volvo Adventure"
( Волво авантура)
САКАЈ ГО ЖИВОТОТ
Шарко и Жапко го спасуваат светот
   Веќе две години учествуваме на натпреварот организиран од Волво автомобилите и Обединетите Нации за Животна Средина - УНЖС (Volvo and the United Nations Environment Programme – UNEP).
Во овогодинешниот натпревар учествувавме со тим од четири ученици кои биле координатори на неколку училишни проектни активности кои имале за цел да ја подобрат училишната средина и околината во која живееме. Координаторите направиле план на активности и ги завршиле поставените обврски. Оваа година имавме голем избор на теми на кои можевме да работиме:
  1. Биодиверзитет - како учениците се грижат за растенијата и животните во заедницата.
  2. Отпад - да рециклираме, реупотребиме и да го намалиме отпадот.
  3. Вода - како да придонесеме за заштеда и го подобриме квалитетот на водата во нашето училиште.
  4. Енергија – наш придонес за намалување на потрошувачка енергијата (топлинска или електрична)
  5. Транспорт - какви кампањи имаме направено за намалување на локалниот сообраќаен метеж и други теми, по избор на учениците.
Ги следевме седумте чекори за пријавување на проектот:
  1. Податоци за нашиот тим и детали за прпектот;
  2. Избравме тема;
  3. Ги одредивме нашите цели;
  4. Спроведовме истражување;
  5. Напишавме план за активностите;
  6. Ги опишавме нашите досегашни резултати;
  7. Ги комплетиравме податоците и пријавата за нашиот проект.
Проектот го насловивме “Сакај го животот” (Loving Life), а ги опфаќаше подпроектните активности: “Македонија ризница на здрава храна”, “Вреди да се штеди”, “Употребувај повторно”, “Вода = Живот”.
Не радува што нашите долгогодишни активност извршиле големо влијание на околината иако најчесто беа со мала поддршка. На самите почетоци бевме малубројни, не нарекуваа комуналци, ни се смееја за секоја еко порака или овошен појадок, ни ги корнеа засадените дрвца, но денес се е поинаку. Денес ни се придружија сите. Познати сме по своите еколошки активности, во и надвор од Македонија.
Известувачи:
Ана Павловиќ, 
Јана Шапческа,
Сања Михајловска,
Симона Јордева.

Нема коментара:

Постави коментар