ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

среда, 9. мај 2012.

9 Мај - Ден на Европа (9 Маy - Europe Day - Macedonia)

Европски хепенинг
Европа денеска го одблежа својот ден - 9 Мај.
По повод 9 Мај – Денот на Европа и годинава Општина Центар традиционално го организираше европскиот хепенинг кој годинава е под мотото „Сите заедно под исто европско небо“ („Денес тука, утре во Европа").
Над 100 деца од сите 7 основни училишта во Општина Центар учествуваа на оваа манифестација. Сите се претставија со некоја земја, членка на ЕУ.
Нашето училиште ОУ “Димитар Миладинов” се претстави со игри и песни од нашата соседна држава Грција, земја на Олимписките Игри, филозофијата, европската литература и математичките принципи.
Имавме одличен настап и добивме прва награда.
На присутните им се обрати нашиот градоначалник Тодоровиќ со зборови: „И оваа денешна манифестација има за цел да ја истакне улогата на Општина Центар во нејзините настојувања да изгради имиџ на европска општина. По многу карактеристики таа го заслужува овој епитет. Од тие причини и денешниот Европски хепенинг кој го организираме под мотото ДЕНЕС ТУКА – УТРЕ ВО ЕВРОПА, има за цел да ги поттикнеме младите да ги изразат своите идеи за Европа, Европската интеграција и Европскиот интегритет. Исто така наша основна заложба како Општина и моја како градоначалник е – да ги зајакнеме врските и интеракцијата помеѓу македонската култура и културата на другите земји во Европската Унија".
 фоторепортери: Ана и Стефи (Ана Павловиќ и Стефанија Блажевска)

Нема коментара:

Постави коментар