ЧИСТОТА КАКО ПРЕВЕНЦИЈА |
Лековите, вакцината или препаратите кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, не се единствената добра превенција за грипот или настинката.Заштита во најголема мера се заснова на низа хигиенски правила:
ВЕТРЕЈТЕ ГИ ПРОСТОРИИТЕ
За време на студените денови немаме многу желба за отворање на прозори. Но тоа е препорачливо не само наутро кога од спалната соба треба да го исфрлиме застоениот воздух, туку и во текот на целиот ден во училницата, дневната соба, секаде каде престојуваме. Неколку минутно проветрување нема значително да го излади просторот, но затоа ќе ни помогне да ги растераме вирусите и бактериите и да ја вратиме потребната влажност на воздухот што му е потребна на организмот.
За време на студените денови немаме многу желба за отворање на прозори. Но тоа е препорачливо не само наутро кога од спалната соба треба да го исфрлиме застоениот воздух, туку и во текот на целиот ден во училницата, дневната соба, секаде каде престојуваме. Неколку минутно проветрување нема значително да го излади просторот, но затоа ќе ни помогне да ги растераме вирусите и бактериите и да ја вратиме потребната влажност на воздухот што му е потребна на организмот.
ЧЕСТО МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Во време на епидемии на грип или настинка, многу е важно добро да се внимава на хигиената на рацете. Тие треба редовно да се мијат, по можност со антибактериски или дезинфекционен сапун. Истражувањата покажуваат дека со допирање на очите, носот, устата и ушите ја зголемуваме можноста да се заразиме од некоја вирусна болест.
ЧИСТИ КРПИ
Знаете ли дека вирусите најдобро се развиваат на влажни површини, посебна хигиена треба да се води за подовите во собите, особено во оние во кои престојува болниот. Затоа, крпите со кои бришете треба често да ги менуваме и до следната употреба да ги измиеме и добро да ги исушиме.НЕ КАШЛАЈТЕ И НЕ КИВАЈТЕ ВО РАЦЕ
Според најновите истражувања, големиот број на настинки се шират преку непосреден контакт. Бактериите и вирусите се лепат за рацете, а еден од начините сами да се заразиме или инфекцијата да ја пренесеме на другите е ако устата при кашлање или кивање ја штитиме со рака. Затоа, за таа намена треба да користиме хартиено марамче и веднаш да го фрлиме во канта, а рацете добро да ги измиеме.НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО ЛИЦЕТО
Иако за тоа не сме свесни, лицето за еден час во просек го допираме 15 пати. Тоа значи дека во времето кога владее грип или настинка, вирусите се поактивни и во организмот влегуваат преку очи, нос или уста и постои голема веројатност да не нападнат, За време на некоја епидемија, би било добро да се внимава на автоматски движења и што помалку да го допираме лицето со рацете.ИСПИРАЈТЕ ЈА НОСНАТА ПРАЗНИНА
Одржување на носот чист со помош на хартиени марамчиња не е доволно за време на грипот или настинката. Подобро е да се стекне навика да се плакне носот со млака, солена вода, со што би се подобрило влажнењето на слузницата. Со прстот треба да се затвори едната ноздра и малк раствор да повлечете во носот, внимавајќи да не ни влезе во грло.ВЛАЖНЕТЕ ГО ВОЗДУХОТ ВО ПРОСТОРИЈАТА
Пр начин на одбрана од вирусите и бактериите, е всушност здравата слузница на дишните патишта. За да тие функционираат како што треба потребна им е определена влажност.Ако патиштата во носот се суви, слузницата атрофира и влакненцата не успеваат да ја остварат својата важна задача а таа е да ги пренесат ирусите и бактериите до ждрелото, вирусите и бактериите лесно налегуваат во организмот и се разболуваме. Ако дома или воучилница имаме парно греење на него можеме да ставиме сад со вода во кој ќе капнеме неколку капки миризливо дезинфекционо седство, масло од еукалиптус или ментол. Ако пак користиме електричен навлажнувач на воздухот, секој ден мијте го апаратот со вода, за да тој не би се претворил во одгледуачница на вируси и бактерии, кои тогаш би се пренесувале преку воздхот.ПИЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ
Чоековото тело се состои од 75% течност доволни за добро работење на органите. Водата го чисти организмот, му ја враќа влажноста и овозможуа побрзо да се исчистат отровите. Односно отпадните материи од метаболизмот. Здрава возрасна личност, за да не ги оптовари органите, треба да пие најмалку осм чаши вода на ден.За да откриете дали внесвате доволно течност, треба да ја погледнете бојата на урината. Ако е светла и проѕирна, тоа е знак дека довоно сте пиеле течности, но ако е со силна, жолта боја, треба повеќе да пиете.НАЈСТАРИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК - ЛУКОТ
Лукот меѓу народот е познат како природен антибиотик, како зачин и лек понат е со векви, а последните години интензивно се испитува неговото својство. Докажано е дека ги ублажува воспалениата кај настинките, ги убива штетните бактерии, го јакне одбрамбениот механизам на телото, а превентивно влијае против инфаркт и мозочен удар. Во 100 g лук има 181 mg калциум, што е меѓу најголемите вредности во светот на билките. Содржи 30 mg витамиин С, а многу е важно што содржи два силни антиоксиданси селен и германиум, кои заедно со витаминот С се одлична одбрана против слободните радикали кои се одговорни за дегенеративните болести и за брзото стареење. Речиси нема болест за која народот не ја испробал моќта на лукот, но најмногу се користи како антисептик, односно средство за антибактериско влијание. Особено е попларен за дезинфекција на слузницата, против настинките, грипот, ја олеснува кашлицата и се користи за искашлување како чај или течност за инхалирање на синусите, но и суров (здробен лук) со мед. Лукот се користи свеж, како паста, сок, маст, облоги, чај, тинктура, екстракт за инхалација, сув прашок, таблети и маслен екстракт о капсули.Дали лукот и препаратите од него се еднакво делотворни?
Суровиот лук е најјако средство, но се одбегнува поради силната миризба, а ако сакаме побрзо да се ослободиме од цревните бактерии ќе го користме.Доколку посакате народна превентива искористете ја оваа рецпта: 200 g лук здробете ги и натопете во еден литар ракија. Течноста треба да стои две недели. Потоар. се процедува и се чува во фрижидер. Се пијат по 20 капки од течноста, секоја вечер.
Нема коментара:
Постави коментар