ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 12. септембар 2021.

Дијагностички тест по физика за 9. дд. (I и II група)

 септември 2021

1Што е физичка величина?

2. Што е тежина?

3. Со што е определена и со што се мери силата?

4. Што е патека или траекторија?

5. Дали телата истовремено можат да поседуваат кинетичка и потенцијална енергија? Објасни.

6. Наброј ги карактеристиките на ликот во рамно огледало.

7. Кога се случува  пролетна рамноденица?

8. Што е сила?

9. Кога една сила има вредност од еден њутн?

10. Дефинирај рамномерно забрзано движење.

11. Што е референтно тело?

12. Во кои случаи еластичните тела можат да поседуваат потенцијална енергија иако не се поткренати на некоја висина?

13. Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?

14. Кога се случува  есенска рамноденица?

15. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?

16. Колку време му е потребно на еден автомобил за да помине 180 km од еден до друг град ако неговата просечна брзина е 60 km/h? 

17. Со колкава брзина се движи тело со маса m = 10 kg ако неговата кинетичка енергија е Ek = 100 J?

18. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?

19. Едно возило се движи рамномерно забрзано со забрзување од 3 m/s2. Колкав пат ќе измине за првите 10 секунди?

20. До која висина треба да се фрли камен со маса од 200 g во највисоката точка, неговата потенцијална енергија за да изнесува 100 J? (g = 10 m/s2)