Од мај до декември 2025 година реализиравме 11 STEM активности, кои се успешно одобрени и објавени на STEM мапата за 2026 година во рамките на Scientix STEM Discovery Campaign.
Оваа меѓународна иницијатива ги повикува наставниците, училиштата и организациите да ги промовираат науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку различни едукативни активности. Сите учесници кои пријавуваат активности на мапата имаат можност да конкурираат за Scientix Awards, кои ги наградуваат најдобрите практики и иновации во STEM образованието.