Џо Инкандела, портпаролот на двата тима што го бараат Хигсот, во изјава за Reuters вели дека резултатите се уште се прелиминарни, но дека во ЦЕРН се уверени станува збор за многу силни резултати.
Питер Хигс, 83 годишниот британски физичар кој во 60-тите години на минатиот век ја постави теоријата за постоење на бозонот што сега го носи неговото име, вели дека е неверојатно што доживеал такво откритие. Според неговата теорија, Хигсот е честичката која го помогнала создавањето на ѕвездите, планетите и самиот живот, а без неа, честичките од кои е составен универзумот би останале како недефинирана маса.
Тоа последниот дел од Стандардниот модел, што го објаснува создавањето на Универзумот, а овој модел за физичарите е она што теоријата на еволуцијата е за биолозите.
Она што се уште не е познато е дали, честичката што ја пронашле е Хигсовиот бозон, каков што е опишан во Стандардниот модел, дали е варијанта на Хигсот или сосема нова суб-атомска честичка. За научниците, последните две можности се најинтересни, но тие предупредуваат дека и покрај возбудата за откритието, има уште многу работи што треба да се истражат и научат.
Датум: 04.07.2012 - ДНЕВНИК (стр. 25)
ПО 30-ГОДИШНА ПОТРАГА НА ЦЕРН
Пронајдена божјата честичка?Научниците на ЦЕРН, европската организација за нуклеарни истражувања, по речиси 30-годишна потрага соопштија дека ги откриле субатомските честички на Хигсовиот бозон, за кои се верува дека биле клучни при формирањето на ѕвездите, планетите и животот. Честичките своето име го добиле според Питер Хигс, британски истражувач кој во 1964 година ги проучувал принципите за честичките-бозони. Бозоните се познати и како божествени честички, поради нивната важност за настанокот на светот. И со нив би можела да се докаже стандардната теорија за вселената, развиена во 1970 година.
Актуелното разбирање на физиката на честичките се потпира на стандардниот модел, развиен во седумдесеттите години од минатиот век, кој успешно ги опишува честичките познати во тоа време како и односите помеѓу нив. Стандардниот модел исто така предвидува постоење честички кои дотогаш не биле пронајдени како што се б-кварк, т-кварк и тау-неутрон.
Честичка што исчезнува
Стандардниот модел исто така предвидува и постоење на хигс бозон, честичка што теортеска брзина на енергијата би била над брзината која луѓето може да ја постигнат во акцелератор на честички пред пуштањето на употреба на ГХК-колајдерот. Доколку научниците не ја пронајдеа таканаречената божја честичка, тоа би значело дека постојат фундаментални грешки во стандардниот модел и со тоа би била потребна нова теорија на физиката за честичките која би објаснила зашто истите имаат маса. Откритието на оваа честичка од друга страна е конечна потврда на научниците дека стандардниот модел точно го опишува светот што н` опкружува. Честичката многу тешко може да се забележи, поради тоа што не опстојува долго време. Еднаш кога се формира, се распаѓа во флуксови од енергија нешто како распрснувањето на шрапнел од бомба. Единствениот начин да се дојде до елементарните честички е да судираат други типови честички (протони) при фантастични енергии и да се согледуваат резултатите од ударите, преку огромни магнети кои создаваат огромна магнетна енергија во ранг од 1 до 3 тесли, при што е можно да се следи како се однесуваат честичките. Проблемот е што при тие удари и неверојатни енергии, постои огромен шум на енергиите од други честици, така што да се дојде до состојба да се чуе токму Хигсовиот бозон потребно е да се елиминираат сите тие дополнителни сигнали: според тоа, потребно е да се судираат честички илјадници милиони пати, безброј пати, за да се чуе тој мал енергетски сигнал каде што постои честичката хигс.
Британскиот научник Питер Хигс доживеа да го дочека откритието по кое трагаше повеќе од три децении |
Портпаролот Џо Инкандела изјави дека резулатите на двата тима што учествуваа во потрагата по божјата честичка се прелиминарни, но со голема проценутална сигурност. Научниците велат дека резултатите со 5 сигма точност значат дека се 99,999 проценти во пронаоѓањето на новата честичка.
- Ова навистина за нас е нова честичка. Знаеме дека е бозон и дека е најтешкиот бозон пронајден досега. Отчитувањата се многу значајни и токму затоа мора да бидеме екстремно внимателни во сите проучувања и проверки - изјави Инкандела.
Научниците од ЦЕРН велат дека стигнале до клучната точка во обидот да ги разберат законите на природата. Откривањето на честичката што е конзистентна со Хигсовиот бозон е само почеток на пошироко проучување кое треба да ја утврди особината на новата честичка и најверојатно ќе го осветли патот кон разрешувањето на другите мистерии поврзани со нашиот универзум.
Интересно е што на конференцијата беше присутен и осумдесет и тригодишниот Питер Хигс, кој изјави дека се радува што честичката е откриена за време на неговиот живот. Вчудоневиден сум со која брзина се дојде до резултати. Ова е сведоштво за експертизата на истражувачите и елаборативните технологии што се на располагање. Искрено не очекував ова да се случи додека сум жив, па затоа ги замолив моите најблиски да го стават шампањското во фрижидер – изјави Питер Хигс, кој за време на презентацијата видно возбуден пушти и солза радосница. И Ролф Хојер, генералниот директор на ЦЕРН, го потврди откритието, но истакна дека се потребни дополнителни проучувања.
ЦЕРН = Европска организација за нуклеарно истражување |
Најголемиот хадронски колајдер (ГХК) и забрзувач на честички првпат почна со работа во 2008 година кога првпат биле вшприцани протонски зраци во подземниот тунел. Тој е дизајниран да се истражат мистериите на физиката на честичките и потеклото на универзумот. Систем на машини вшприцува зраци од една во друга постројка со постојано зголемување на енергиите, предизвикувајќи ги честичките да забрзуваат низ тунел и да се удираат меѓу себе со брзина на светлината.
Нема коментара:
Постави коментар