16 СЕПТЕМВРИ - Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.
Од 1995 година 16 септември во светот се одбележува како Меѓународен ден за заштита и зачувување на озонската обвивка.
Експертите истакнуваат дека озонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и дека тој е одоговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето.
Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“. Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.
Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови.
Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата, а кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.
Првата озонска "дупка" е откриена над Антарктикот во 1985 година. Со тоа научно се потврди постулатот на Sherwood Roland и Mario Molina дека хлорираните и бромираните јаглеводороди ја осиромашуваат озонската обвивка. Во 1995 година токму за ова откритие тие добија Нобелова награда во областа на хемијата.
Под терминот озонска "дупка" подразбираме рапидно намалување на бројот на озонските молекули или драматично осиромашување на концентрацијата на озонот, а не негово целосно отсуство.
За озонска "дупка" зборуваме кога вкупната концентрација на озон е помала од 220 DU.
Dobson Unit (Добсонова единица) ја мери вкупната количина на озон во вертикален столб во атмосферата, односно покажува колкава би била дебелината на озонската обвивка ако е компримирана на 0°С под притисок од 1 атмосфера.
Епа Аида, честитки за новата школска работна година гледам веке ревносно сте се нафрлиле на активната работа...честитки и ве следам повторно...позз
ОдговориИзбриши