ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 7. октобар 2012.

ENO Tree Planting Day

21.09.2012 - ЕНО - Ден за садење дрвја


„Ако мислиш за една година напред, посеј жито. Ако мислиш десетици години на напред засади дрво“ - кинеска поговорка.
Учениците од ООУ „Димитар Миладинов“  мислат десетици години на напред и садат дрвја. Оваа година садењето го започнале на 21 септември, на Меѓународен ден на мирот, заедно со колу 5 000 училишта од  150 земји  од светот. Засадиле пет дрвца, Дрвца на мирот, а  направиле и расад за својот овоштарник, кој ќе го засадат до 21 мај 2013 година. На 21 септември направиле една мини модна ревија и  одржале говор за важноста на зголемувањето на зелените површини, селектирање и рециклирање на отпад, штедење на вода и енергија. Ги поканиле и другите училишта да им се придружат.
Фотографиите и видео записите од своите активности  ги објавуваат на: http://www.facebook.com/groups/146700812045438/
Да им посакаме многу успех ♥






















Ветивме едно, засадивме 5 <3

недеља, 16. септембар 2012.

16 СЕПТЕМВРИ - Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка


16 СЕПТЕМВРИ - Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.
Од 1995 година 16 септември во светот се одбележува како Меѓународен ден за заштита и зачувување на озонската обвивка.
Експертите истакнуваат дека озонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и дека тој е одоговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето.
Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“. Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.
Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови.
Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата, а кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.
Првата озонска "дупка" е откриена над Антарктикот во 1985 година. Со тоа научно се потврди постулатот на Sherwood Roland и Mario Molina дека хлорираните и бромираните јаглеводороди ја осиромашуваат озонската обвивка. Во 1995 година токму за ова откритие тие добија Нобелова награда во областа на хемијата.
Под терминот озонска "дупка" подразбираме рапидно намалување на бројот на озонските молекули или драматично осиромашување на концентрацијата на озонот, а не негово целосно отсуство.
За озонска "дупка" зборуваме кога вкупната концентрација на озон е помала од 220 DU.
Dobson Unit (Добсонова единица) ја мери вкупната количина на озон во вертикален столб во атмосферата, односно покажува колкава би била дебелината на озонската обвивка ако е компримирана на 0°С под притисок од 1 атмосфера.

субота, 8. септембар 2012.

Денот на писменоста


Денот на писменоста 8. септември
УНЕСКО предупредува дека вооружените судири се една од главните причини за неписменоста.
Во светот има околу 775 милиони неписмени кои не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат.
Според овие податоци скоро две третини од неписмените се жени. Поголем број живеат во Јужна и Источна Аизја, како и во Африка.

Среќен роденден Татковино!

Нека ни е честит 8 септември - Денот на независноста!


Денес Република Македонија одбележува 21 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава
Убедливо мнозинство над 95 % од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.
Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 168 држави во светот, а под уставното име е признаена од 132 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.


недеља, 12. август 2012.

ИНТЕРЕСНИ ДЕСТИНАЦИИ - ИЗРАЕЛ

ИЗРАЕЛ

Израел или на еврејски Мединат Исраел, е еврејска држава во Палестина, во Ветената земја на Евреите, во која дошле после ропството во Египет и долгото лутање по пустината. Името, пак, Палестина, на еврејски Ерез Исраел (потекнува од Филистејците) најголемите непријатели на Евреите, го добила своето име од Римјаните. Сите настани во Светото Писмо (Библијата) се случувале токму во Палестина, која секогаш е третирана како родна земја на Евреите.
Зборот Евреи, на еврејски Иврим има неколку значења. Едно од значењата е: дојденци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекуваат Израелците. Аврам се нарекувал Евреин, а Мојсеј добил заповед на фараонот да му предаде порака од “еврејскиот Бог”. Во Новиот Завет, во Делата Апостолски со името Евреи се нарекувале палестинските христијани, кои зборувале еврејски или арамејски. Не постои израз “еврејски” или “еврејски јазик” како ознака на древниот јазик на Евреите во Стариот Завет. Таму древниот еврејски јазик се нарекувал канаански или јудејски јазик. Изразот “еврејски јазик” што се среќава во Новиот Завет се однесува на арамејскиот јазик. Тој јазик во последните векови пред појавата на Исус Христос, го истиснал еврејскиот во богослужењето. Другото значење за името Евреите, ја означува семитската група племиња кои дошле во Арабија и се населиле во Канаан. Тие живееле како одвоени групи до околу 1000 години пред Исус Христос кога опасноста од Филистејците ги принудила да се здружат под заедничкиот цар Саул. За време на владеењето на Давид и Соломон, Евреите доживеале најголем напредок, но по смртта на Соломон се поделиле во две независни царства – Израел и Јудеја. Израел потпаднал под Асирците во 721 година пред Исус Христос, а, пак, Јудеја во 586 година пред Исус Христос.
За Евреите се знае дека се еден од најстарите народи во светот. Тие првобитно живееле племенски, биле древни сточарски племиња кои од Арабија се спуштиле во Палестина во XII век п.н.е. Поради недоволната плодност на земјиштето и гладот, овие племиња се преселиле во Северен Египет, но таму тие подпаднале под таканареченото “Египетско ропство”. Затоа, за да се ослободат од ропството по подолго време, пак се вратиле во Палестина. Меѓутоа, со тек на времето во нивната непосредна близина се населиле Филистејците, кои ги напаѓале областите населени со Евреи. Овие борби го забрзале обединувањето на еврејските племиња Израелци и Јудејци во едно царство на чело со еден од водачите на Јудејците, царот Давид. Тоа станало околу 1000 година пред Христа кога Давид успеал да ги разбие Филистејците, а градот Ерусалим да го прогласи за престолнина на државата.
Преданијата за Светиот храм говорат дека за време на патувањето низ пустината, Евреите имале подвижно светилиште, Шаторот или Скинијата на Заветот, во кој бил Ковчегот на Заветот и облакот кој го означувал Божјото присуство. Давид сакал да му подигне Храм на Бога, но заради неговите гревови не го сторил тоа, туку му ја препуштил задачата на Соломон. Тој го изградил храмот околу 950 година пред Исус Христос, меѓутоа Вавилонците го срушиле во 586 година пред Исус Христос. Вториот храм е изграден во периодот меѓу 520 и 516 година пред Исус Христос со големи напори на пророците Агеј и Захарија. Ирод Велики го подигнал третиот храм во 19 година пред Исус Христос, но Римјаните го срушиле во 70 година по Исус Христос и до денес се останати рушевините од него – т.н. “Ѕид на плачот”. Храмот бил единствено место каде Евреите можеле да ги принесуваат жртвите. Тој бил верски центар за сите Евреи. По разорувањето на последниот храм, како места за богослужење се користат синагогите.
По смртта на Соломон, од единственото царство се отцепила северната област која се организирала во посебно царство – Израел. Израел водел чести војни со соседната држава на Асирците. Во 722 година пред Христа. Асирците го освоиле Израел, така што потпаднал под Асириско ропство, додека Јудејското царство опстанало уште околу стотина години како самостојно. Меѓутоа, вавилонскиот цар Навуходоносор, во 586 година пред Христа, ја освоил Јудеја, со што и двете еврејски држави ја изгубиле својата независност. Тогаш бил срушен Царскиот двор, бил спален прекрасниот Храм на Богот Јехова во Ерусалим, додека Јудејците биле протерани во таканареченото “Вавилонското ропство” т.е. во Месопотамија. Тоа било првото еврејско раселување во светот таканаречената дијаспора. Меѓутоа, поголемиот број Евреи се вратиле од “Вавилонско ропство” после педесетина години. Сепак тие и тогаш не биле слободни, туку во период од околу двесте години морале да ја признаваат туѓинската власт.
Овој историски развој на Евреите детално се прикажува во Библијата, при што историските настани се испреплетени со религиозни преданија. Имено, во Библијата пишува за родоначалникот на Евреите, Авраам, кој на чело на 12 еврејски племиња од Арапската Пустина ги одвел во Палестина – земја во која “тече мед и млеко”. На враќање од Египет во “земјата на татковците” како водач на Евреите се споменува Мојсеј, познат и по тоа што на несложните еврејски племиња им ги предал “Десетте божји заповеди” во кои биле точно определени обврските на Евреите кон единствениот бог Јехова.
Во таквите, бурни, немирни времиња за Евреите – нивното паѓање под разни ропства, борбата за опстанок, преселувањата, кај нив се родила една цврста вера во еден бог Јехова, чиј избран народ биле токму тие – Евреите.
Според библиските преданија Израел, значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков, непосредно пред состанувањето со брат му Исав, на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте племиња израелски; а изразот “синови израелски” ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол далеку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон. По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно – Јудеја и Северно – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното царство и имало три пати повеќе земја и обработлива почва. Земјата се збогатила преку трговија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела околу 200 години, се до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното царство. Ова Израелско царство никогаш повеќе не се обновило под истото име се до 1948 година, кога се појавила втората држава, денешната Израел.
Превземено од Славе Катин
(Од посетата на светата земја  ИЗРАЕЛ)

четвртак, 26. јул 2012.

Сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година

Скопје денес одбележува 49 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот и однесе илјадници животи.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
Во катастрофалниот земјотрес животот го загубија 1070 скопјани, а над 4000 беа повредени. Земјотресот оштети или целосно уништи околу 80 проценти од зградите во Скопје и остави над 120000 лица без покрив над главата.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

среда, 4. јул 2012.

Хигсовиот бозон - „божјата честичка”

Хигсовиот бозон - „божјата честичка”
Научниците од ЦЕРН објавија дека нашле нова суб-атомска честичка, која би можела да биде Хигсовиот бозон, честичката за која се верува дека е основа на Универзумот.

Џо Инкандела, портпаролот на двата тима што го бараат Хигсот, во изјава за Reuters вели дека резултатите се уште се прелиминарни, но дека во ЦЕРН се уверени станува збор за многу силни резултати.
Питер Хигс, 83 годишниот британски физичар кој во 60-тите години на минатиот век ја постави теоријата за постоење на бозонот што сега го носи неговото име, вели дека е неверојатно што доживеал такво откритие. Според неговата теорија, Хигсот е честичката која го помогнала создавањето на ѕвездите, планетите и самиот живот, а без неа, честичките од кои е составен универзумот би останале како недефинирана маса.
Тоа последниот дел од Стандардниот модел, што го објаснува создавањето на Универзумот, а овој модел за физичарите е она што теоријата на еволуцијата е за биолозите.
Она што се уште не е познато е дали, честичката што ја пронашле е Хигсовиот бозон, каков што е опишан во Стандардниот модел, дали е варијанта на Хигсот или сосема нова суб-атомска честичка. За научниците, последните две можности се најинтересни, но тие предупредуваат дека и покрај возбудата за откритието, има уште многу работи што треба да се истражат и научат.
Датум: 04.07.2012 - ДНЕВНИК (стр. 25)
ПО 30-ГОДИШНА ПОТРАГА НА ЦЕРН
Пронајдена божјата честичка?
Научниците на ЦЕРН, европската организација за нуклеарни истражувања, по речиси 30-годишна потрага соопштија дека ги откриле субатомските честички на Хигсовиот бозон, за кои се верува дека биле клучни при формирањето на ѕвездите, планетите и животот. Честичките своето име го добиле според Питер Хигс, британски истражувач кој во 1964 година ги проучувал принципите за честичките-бозони. Бозоните се познати и како божествени честички, поради нивната важност за настанокот на светот. И со нив би можела да се докаже стандардната теорија за вселената, развиена во 1970 година.
Актуелното разбирање на физиката на честичките се потпира на стандардниот модел, развиен во седумдесеттите години од минатиот век, кој успешно ги опишува честичките познати во тоа време како и односите помеѓу нив. Стандардниот модел исто така предвидува постоење честички кои дотогаш не биле пронајдени како што се б-кварк, т-кварк и тау-неутрон. 

Честичка што исчезнува
Честичката многу тешко може да се забележи, поради тоа што не опстојува долго време. Еднаш кога се формира, се распаѓа во флуксови од енергија нешто како распрснувањето на шрапнел од бомба. Единствениот начин да се дојде до елементарните честички е да судираат други типови честички (протони) при фантастични енергии и да се согледуваат резултатите од ударите, преку огромни магнети кои создаваат огромна магнетна енергија во ранг од 1 до 3 тесли, при што е можно да се следи како се однесуваат честичките.
Проблемот е што при тие удари и неверојатни енергии, постои огромен шум на енергиите од други честици, така што да се дојде до состојба да се чуе токму Хигсовиот бозон потребно е да се елиминираат сите тие дополнителни сигнали: според тоа, потребно е да се судираат честички илјадници милиони пати, безброј пати, за да се чуе тој мал енергетски сигнал каде што постои честичката хигс

Честичка што исчезнува
Стандардниот модел исто така предвидува и постоење на хигс бозон, честичка што теортеска брзина на енергијата би била над брзината која луѓето може да ја постигнат во акцелератор на честички пред пуштањето на употреба на ГХК-колајдерот. Доколку научниците не ја пронајдеа таканаречената божја честичка, тоа би значело дека постојат фундаментални грешки во стандардниот модел и со тоа би била потребна нова теорија на физиката за честичките која би објаснила зашто истите имаат маса. Откритието на оваа честичка од друга страна е конечна потврда на научниците дека стандардниот модел точно го опишува светот што н` опкружува. Честичката многу тешко може да се забележи, поради тоа што не опстојува долго време. Еднаш кога се формира, се распаѓа во флуксови од енергија нешто како распрснувањето на шрапнел од бомба. Единствениот начин да се дојде до елементарните честички е да судираат други типови честички (протони) при фантастични енергии и да се согледуваат резултатите од ударите, преку огромни магнети кои создаваат огромна магнетна енергија во ранг од 1 до 3 тесли, при што е можно да се следи како се однесуваат честичките. Проблемот е што при тие удари и неверојатни енергии, постои огромен шум на енергиите од други честици, така што да се дојде до состојба да се чуе токму Хигсовиот бозон потребно е да се елиминираат сите тие дополнителни сигнали: според тоа, потребно е да се судираат честички илјадници милиони пати, безброј пати, за да се чуе тој мал енергетски сигнал каде што постои честичката хигс.

Британскиот научник Питер Хигс доживеа да го дочека откритието по кое трагаше повеќе од три децении

Солзи радосници на Питер Хигс
Портпаролот Џо Инкандела изјави дека резулатите на двата тима што учествуваа во потрагата по божјата честичка се прелиминарни, но со голема проценутална сигурност. Научниците велат дека резултатите со 5 сигма точност значат дека се 99,999 проценти во пронаоѓањето на новата честичка.
- Ова навистина за нас е нова честичка. Знаеме дека е бозон и дека е најтешкиот бозон пронајден досега. Отчитувањата се многу значајни и токму затоа мора да бидеме екстремно внимателни во сите проучувања и проверки - изјави Инкандела.

Научниците од ЦЕРН велат дека стигнале до клучната точка во обидот да ги разберат законите на природата. Откривањето на честичката што е конзистентна со Хигсовиот бозон е само почеток на пошироко проучување кое треба да ја утврди особината на новата честичка и најверојатно ќе го осветли патот кон разрешувањето на другите мистерии поврзани со нашиот универзум.
Интересно е што на конференцијата беше присутен и осумдесет и тригодишниот Питер Хигс, кој изјави дека се радува што честичката е откриена за време на неговиот живот. Вчудоневиден сум со која брзина се дојде до резултати. Ова е сведоштво за експертизата на истражувачите и елаборативните технологии што се на располагање. Искрено не очекував ова да се случи додека сум жив, па затоа ги замолив моите најблиски да го стават шампањското во фрижидер – изјави Питер Хигс, кој за време на презентацијата видно возбуден пушти и солза радосница. И Ролф Хојер, генералниот директор на ЦЕРН, го потврди откритието, но истакна дека се потребни дополнителни проучувања.

ЦЕРН = Европска организација за нуклеарно истражување
 Европски ЦЕРН комплекс
Најголемиот хадронски колајдер (ГХК) и забрзувач на честички првпат почна со работа во 2008 година кога првпат биле вшприцани протонски зраци во подземниот тунел. Тој е дизајниран да се истражат мистериите на физиката на честичките и потеклото на универзумот. Систем на машини вшприцува зраци од една во друга постројка со постојано зголемување на енергиите, предизвикувајќи ги честичките да забрзуваат низ тунел и да се удираат меѓу себе со брзина на светлината.